Фото клуно клуб “Пиксел” е формиран од 11.09.2014 година. Релативно млад клуб кој во својот состав брои околу 5 члена, кои активно и успешно творат во областа на уметничката фотографијата. Покрај постојаното излагање на свои дела, и постигнување на успех со истите, во 2015 година, фото кино клуб “Пиксел” ја организираше својата прва меѓународна изложба на уметничка фотографија под насловот “Illusion 2015”. Успешноста на организирање и завршување на истата, покажа дека членовите на клубот се компетентни во својата област и дејствување во истата.

Идејата и визијата на клубот се состои во развивање, унапредување и популаризација на уметничката фотографија.